• четврток, 26 декември 2024

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро, велосипедистите ќе возат 92 километри за Светлана

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро, велосипедистите ќе возат 92 километри за Светлана
Охрид, 22 мај 2022 (МИА) - Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска во организација на Здружението за друмски и планински велосипедизам „MacedonianBikeRiders“. Турата е од рекреативен карактер, а може да учествува секој кој е кондиционо спремен и има технички исправен велосипед за возење 92 километри околу Охридското езеро. Осмото издание на „Tour de Lake“ е за поддршка и помош на Светлана Георгиевска, која по потекло е од Украина, a е самохрана мајка која во моментов нема постојан дом за живеење со заедно со нејзиното дете, а покрај тоа таа во исто така има и онколошки здравствен проблем. - Кога ја дознавме, за жал не убавата приказна поврзана со Светлана, одлучивме ние како здружение оваа година турата околу Охридското Езеро да ја огранизираме, токму за неа и колку што е во наша моќ, заедно со сите љубители на велосипедизмот да и помогнеме, велат огранизаторите од „MacedonianBikeRiders“. Од Здружението потенцираат дека пријавувањето за учество во турата се врши со донација од 300 или 500 денари, со што секој учесник ќе добие стартен пакет кој огранизаторите го обезбедија со помош на пријатели кои го поддржуваат настанот. цр/    

Остани поврзан