• четврток, 26 декември 2024

Хуманитарна Велигденска акција во Демир Хисар

Хуманитарна Велигденска акција во Демир Хисар

Демир Хисар, 16 април 2020 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со општинската организација на Црвен крст, членови на Советот и претставници од општинската администрација реализираа хуманитарна акција со достава на социјални пакети со храна, прехранбени производи и хигиенски средства.

Хуманитарните пакети ги обезбедија Општина Демир Хисар, ОО Црвен Крст на Демир Хисар, Живинарската фарма „Агро фарм“-Демир Хисар и аптеката „Олимпија“.

-Наша обврска и задача во овие тешки моменти кога се соочуваме со пандемијата на коронавирусот, да бидеме солидарни, хуманитарни, одговорни и доследно да ги почитуваме препораките и мерките од надлежните институции. Апелирам, сите кои се во можност да донираат, да го направат тоа, се со цел да им се помогне на социјално загрозените домаќинства во пресрет на Велигденските празници, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.мт/ир

Остани поврзан