• среда, 13 ноември 2024

Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Скопје, 2 јули 2024

Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведува во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден”, досега собрани се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи кои ги донираат компаниите.

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможуваат преку свои донации успешно да се спроведува оваа голема хумана акција, која има за цел да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден.

Како општествено одговорна компанија е и ТАВ Македонија, пришто денеска ја предадоа донацијата со прехрамбени и хигиенски производи, а градоначалникот Александар Георгиевски и генералниот директор Неџат Курт остварија средба, на која градоначалникот им изрази голема благодарност што активно учествуваат во оваа голема хуманитарна акција. По приемот на донацијата градоначалникот заедно со општинската администрација и тимовите од Црвен крст посетија неколку семејства на кои им беа донирани хуманитарните пакети.

Освен ТАВ Македонија останатите општествено одговорни компании кои земаа учество се: Гранд Слот Клуб, Дени Интернационал, Пекабеско, МАН, СИГО, Ависо.

 

Општина Илинден

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан