• петок, 27 декември 2024

Хуманитарна акција во општина Карпош за помош на жителите кои се наоѓаат во потешка материјална состојба

Хуманитарна акција во општина Карпош за помош на жителите кои се наоѓаат во потешка материјална состојба

Скопје, 11 април 2023 (МИА) – Општина Карпош во пресрет на Велигденските празници на граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјална состојба им подели 115 хуманитарни пакети со прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена.

-Во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош, се одржа триесеттата по ред хуманитарна акција, за помош на жителите од локалната самоуправа кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Кон оваа традиционална иницијатива во пресрет на Велигденските празници се приклучија вработените од Општината, децата, воспитниот и наставниот кадар од градинките и училиштата на територија на Карпош кои донираа прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена, кои ќе бидат добредојдени во социјално загрозените семејства, соопшти локалната самоуправа.

Од собраните донации, како што посочуваат, беа направени 115 хуманитарни пакети, кои денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги подели на граѓаните од оваа ранлива категорија.

-Во оваа пригода би сакал да ви го честитам претстојниот христијански празник Велигден и воедно ви посакувам многу здравје и успех. Инаку, оваа акција ја практикуваме двапати во годината, во пресрет на Божиќните и Велигденските празници. Покрај тоа што Општината ќе биде секогаш тука за вас, искрено се надевам дека ситуацијата во која се наоѓате ќе биде од времен карактер, посочи Јакимовски. вј/нд/

Фото: Општина Карпош

Остани поврзан