• среда, 25 декември 2024

Хуманитарен турнир за поддршка на млади и деца со попреченост во Охрид во организација на СДММ

Хуманитарен турнир за поддршка на млади и деца со попреченост во Охрид во организација на СДММ
Скопје, 8 октомври 2022 Денеска во салата Билјанини извори во Охрид  се одржа третиот регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија. Млади од целиот Југозападниот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост. Преку спортот, СДММ реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Со хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост. Напреварите во рамки на хуманитарниот турнир продолжуваат и во наредните недели, месец октомври за СДММ е хуман месец. Веќе утре турнир ќе се одржи во Маврово Ростуше каде ќе учествуваат екипи од Полошкиот регион. СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој оноклку колку може. Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан