Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Андреа Гиздовска од Пехчево
- Во Пехчево се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал со цел да се соберат средства за помош на младата девојка Андреа Гиздовска на која и е потребна итна финансиска помош за лекување во странство.

Пехчево, 1 март 2025 (МИА) - Во Пехчево се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал со цел да се соберат средства за помош на младата девојка Андреа Гиздовска на која и е потребна итна финансиска помош за лекување во странство.
- Андреа е млада девојка на 24 години која повторно сака да застане на свои нозе и да си го продолжи нормално својот живот. Потребна е итна финансиска помош за лекување во странство. Дијагностицирана и е болеста dg. Quadriplegia flaccida. St.post polyradiculoncuritidem chr. (CIDP). St. punetiformis ventricular HTA Disphonia. Затоа решивме да бидеме хумани и да помогнеме кога сме најпотребни, за да Андреа застане на свои нозе, информираа организаторите на турнирот.
Средства за помош на Андреа можат да се донираат и на трансакциската сметка на нејзиниот татко Благојчо Гиздовски 200003174353704 – Стопанска Банка. вс/бак/
Фото: МИА