Хуманитарен концерт на неколку штипски здруженија
- Здружението на слeпи лица-Штип заедно со фолклорниот ансамбл „Ветерани“ и здружението на пензионери организираат хуманитарен концерт, кој вечер ќе се реализира на сцената на Центар на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 18 часот. Претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов вели влезот е слободен, но со можност граѓаните, љубителите на народната музика да донираат средства, кои ќе се искористат за голем број активности на здружението на слепи лица, кои догодина слават 70 годишен јубилеј.
Штип, 26 ноември 2024 (МИА) - Здружението на слeпи лица-Штип заедно со фолклорниот ансамбл „Ветерани“ и здружението на пензионери организираат хуманитарен концерт, кој вечер ќе се реализира на сцената на Центар на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 18 часот. Претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов вели влезот е слободен, но со можност граѓаните, љубителите на народната музика да донираат средства, кои ќе се искористат за голем број активности на здружението на слепи лица, кои догодина слават 70 годишен јубилеј.
-Собраните средства ќе бидат наменти за активности на здружението на слепи лица на град Штип. Планираме да организираме меѓународни шаховски турнири, концерт, ќе имаме гости од Бугарија и Сребија и слично, изјави Витанов.
Овој концерт се реализира за првпат годинава, со тенденција да прерасне во традиција. Концертот ќе се одвива во неколку делови, а ќе има гости од повеќе градови од државата.
-Од нашиот град ќе бидат група „Бекрии“, оркестарот при здружение на пензионери Штип, пеачката група „Орнаменти“, народниот оркестар, гости ќе имаме од Кочани, пријатели од Пробиштип, Штип и солисти од слепите лица од Кочани и Штип, вели Ванчо Ристов претседател на Фолклорен ансамбл на ветерани-Штип. вдј/сст/
Фото: МИА