• четврток, 26 декември 2024

Хуаманитарни претстави на МНТ - „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за лекување на Леонид

Хуаманитарни претстави на МНТ - „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за лекување на Леонид

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Македонскиот народен театар (МНТ) хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Претставите ќе бидат изведени на 3 април 2024 година, во 12:00 и во 20:00 часот.

- Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид, соопшти денеска МНТ.

Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е по истоимениот текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска. 

Во претствата играат Александар Михајловски, Нино Леви, Марија Новак/Магдалена Ризова - Черних, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Висар Вишка/Борче Начев, Кире Ѓоревски/Стефан Спасов, Ана Стојановска, Наталија Теодосиева, Тина Трпкоска, Стефан Спасов...

„Сите сме птици“ е во режија на Слободан Унковски, а работена според текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад.

Во претставата играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Драгана Костадиновска, Петре Арсовски, Емил Рубен, Сара Климоска, Дамјан Цветановски и Тина Трпкоска.

Билетите се достапни на веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00. мд/нд/

Фото: МНТ 

Остани поврзан