• четврток, 26 декември 2024

„Хуавеј“ го претстави новиот лаптоп

„Хуавеј“ го претстави новиот лаптоп
Лос Анџелес, 28 февруари 2022 (МИА) - „Хуавеј“ го претстави новиот лаптоп „Мејтбук Икс-про“, како и новиот хибриден „Мејтбук Е“ - со процесори од 11-та генерација на У-серијата. Следната, 12. генерација е најавена за наредниве две години. Новиот уред се одликува со поголем, 14,2-инчен екран со резолуција од 3.120 x 2.080 пиксели. Лаптопот е потенок и има ХД-микрокамера, шест звучници и четири микрофони за подобар звук, како и функција „Суперчарџ“ од 90 вати што овозможува три часа користење по само 15 минути полнење. Пакетот вклучува мал полнач кој наликува на полнач за паметни телефони. Магнетната тастатура овозможува прилагодување на екранот 2-во-1 за време на работата, додека новата странична „Глајд“ тастатура има уште еден УСБ-приклучок. Во Европа, „Мејтбук Е“ ќе чини најмалку 649 евра, а „Мејтбук Икс-про“ - 1.899 евра.  си/ссм/

Остани поврзан