Христодулидис: Поканата од Трамп за учество на Кипар во Комитетот за мир во Појасот Газа е признание за улогата на земјата во поширокиот регион на Блиски Исток
- Признание за улогата на Република Кипар во поширокиот регион на Блискиот Исток, според кипарскиот претседател Никос Христодулидис е поканата што до него ја испратил американскиот претседател Доналд Трамп за учество на земјата во Комитетот за мир во Појасот Газа, јави дописничката на МИА од Атина
Никозија, 19 јануари 2026 (МИА) – Признание за улогата на Република Кипар во поширокиот регион на Блискиот Исток, според кипарскиот претседател Никос Христодулидис е поканата што до него ја испратил американскиот претседател Доналд Трамп за учество на земјата во Комитетот за мир во Појасот Газа, јави дописничката на МИА од Атина.
Христодулидис објасни дека вчера го добил писмото со поканата од Трамп и потсети на учеството и предлозите на Кипар за време на конференцијата за Газа.
- Да потсетам дека ова е и продолжение на нашето учество на конференцијата одржана за Газа во Египет, за време на која како Република Кипар, предложивме конкретни аспекти со кои Република Кипар може да придонесе во спроведувањето на планот од 20 точки на американскиот претседател. Веќе е започната обработката на овој предлог на американскиот претседател и врз основа на нашата анализа, ќе пристапиме и кон одговорот. Повторувам. Особено е важно за нашата земја да биде препознаена нејзината улога во регионот, особено од страна на Соединетите Американски Држави, посочи кипарскиот претседател. ср/ми/