• среда, 25 декември 2024

Христовото воскресение го одбележаа и Македонците во Брисел 

Христовото воскресение го одбележаа и Македонците во Брисел 

Брисел, 5 мај 2024 (МИА) – Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел. 

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел. 

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски. 

Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург. 

И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург. сп/бак/

Остани поврзан