• вторник, 20 јануари 2026

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро

Ресен, 19 јануари 2026 (МИА) - Христијан Џеповски денеска на Водици го извади светиот крст од осветените води на Преспанско Езеро.

Меѓу бројните верници, младото момче Христијан Џеповски како највешт учесник успеа најбрзо да го пронајде светиот крст на традиционалната манифестација поддржана од Општина Ресен.

Првите честитки и пригодна награда, ваучер во вредност од 30.000 денари на Џеповски му врачи градоначалникот Јован Тозиевски. мт/мд/

Фото: Општина Ресен

Остани поврзан