• четврток, 26 декември 2024

Христијан Мицковски направи увид во градежните активности во општина Зрновци

Христијан Мицковски направи увид во градежните активности во општина Зрновци
Кочани, 16 ноември 2022 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска ја посети општина Зрновци, при што заедно со градоначалникот Борчо Коцев направи увид во реализираните инфраструктурни и градежни активности во досегашниот мандат на новата локална власт. Оценувајќи дека иако е една од најмалите општини, со скромен буџет и можности за брз развој, сепак изрази задоволство што во Зрновци се реализирани и во тек се повеќе активности со кои се унапредуваат условите за живот на граѓаните, а за што заслугата ја има општинското раководство. -Со посветена работа на градоначалникот и општинската администрација, за што ги охрабрувам така да продолжат, за една година се реализирани многу проекти од програмата што ја претставивме на последните локални избори. Така покажуваме поинаков пристап кон работите, со чесен ангажман што испорачува резултати, наспроти она што го работи Владата, каде и она малку што се прави е исполнето со многу контроверзи и криминал и основано сомнение за корупција, истакна Мицковски. Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев нагласи дека и покрај скромниот општински буџет од само седум милиони денари, досега се реализирани проекти во вредност од триесетина милиони денари. -Во патната инфраструктура инвестиравме 6,5 милиони денари, за изградба на резервоари и подобрување на водоснабдувањето во селата Зрновци и Видовиште вложуваме 4,2 милиони денари, а во Мородвис изградивме каптажа за водоводот со што решивме дводецениски проблем за жителите. За поддршка на културата инвестирани се околу 2,4 милиони денари за реконструкција на културниот дом во Мородвис, исчистени се голем број диви депонии, а потпишан е договор за дислокација на постоечката депонија во Зрновци. Претстојната пролет ќе пшочне реалзиација на проект за изградба на спортски комплекс во Мородвис, вреден 6,5 милиони денари, нагласи градоначалникот Коцев. Преку Центарот за развој на Источниот плански регион, Општина Зрновци обезбеди и 9,5 милиони денари за подобрување на условите во земјоделството со изградба на помошни канали за наводнување во должина од 2,3 километри и три каскади во реката Зрновка.та/

Остани поврзан