• среда, 25 декември 2024

ХРВ и АИ бараат убиството на новинарот на Ројтерс во Либан да се истражува како воено злосторство

ХРВ и АИ бараат убиството на новинарот на Ројтерс во Либан да се истражува како воено злосторство

Лондон/Њујорк, 7 декември 2023 (МИА) - Светската организација за заштита на човековите права Амнести интернешенел и невладината организација која ја следи состојбата со човековите права Хјуман Рајтс Воч денеска го осудија убиство на новинарот на Ројтерс и ранувањето на уште шестмина во јужен Либан на 13 октомври. 

Амнести интернешенел објави дека израелските напади во кои на 13 октомври во јужен Либан загина новинарот на Ројтерс, Исам Абдалах, и беа повредени уште шестмина негови колеги, веројатно е директен напад врз цивили што мора да се истражи како воено злосторство, објави матичната куќа на убиениот новинар. 

Хјуман Рајтс Воч наведе дека двата израелски напади биле „очигледно намерен напад врз цивили и во исто време воено злосторство“. 

Истрагата на Ројтерс, објавена денеска, откри дека израелската посада во тенковите го убила Абдалах и ги ранила шестмината новинари, испукајќи две гранати од Израел додека го снимале гранатирањето преку граница. сд/

 

Остани поврзан