• четврток, 26 декември 2024

ХРВ: Израел не дава соодветни предупредувања за цивилите во Појасот Газа

ХРВ: Израел не дава соодветни предупредувања за цивилите во Појасот Газа

Лондон, 4 декември 2023 (МИА) - Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека Израел не дава соодветни предупредувања за цивилите во Појасот Газа пред и за време на извршувањето на смртоносните воени операции.

Програмскиот директор во Хјуман рајтс воч, Сари Баши, за Би-Би-Си кажа дека Израел ја продолжил копнената офанзива и воздушните напади „без преземање соодветни мерки на претпазливост за заштита на цивилите“.

Според него, на цивилите им биле дадени „неефективни предупредувања“, им било кажано да бегаат од конфликтните зони дури и кога нема безбедни места за одење, без безбеден начин да го сторат тоа.

-Израелската армија на социјалните мрежи објави КјуАр кодови, повикувајќи ги луѓето кои немаат струја или интернет некако да го скенираат бар-кодот за да видат каде треба да одат, или подоцна објави мапи што не беа во ред, рече Баши.

Според претставници на ХРВ, има извештаи за луѓе кои ги загубиле животите додека се обидувале да се евакуираат.

-Воздушните напади продолжуваат врз областите кои беа препорачани како безбедни за евакуација, но немаше гаранции дека тие области нема да бидат бомбардирани, рече Баши. сд/

Остани поврзан