• недела, 17 ноември 2024

Хрватски сабор со декларација го призна Холодомор како геноцид

Хрватски сабор со декларација го призна Холодомор како геноцид

Загреб, 28 јуни 2023 (МИА) - Хрватскиот парламент едногласно ја изгласа Декларацијата за признавање на Холодомор (Гладомор) како геноцид врз украинскиот народ, а претседателот на Украина Володимир Зеленски одговори со благодарност на социјалните мрежи.

Гласањето на Декларацијата од собраниската галерија го следеше и украинскиот амбасадор во Хрватска Васиљ Кирилич.

Со декларацијата Холодомор се признава како злосторство врз украинскиот народ поради присилниот глад што е смислено и организирано од комунистичкиот сталинистички режим во Украина во периодот 1932-1933 година.

Претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ на Украинците им го честиташе Денот на Уставот на Украина.

Зеленски на социјалните мрежи се заблагодари на Собранието.

-Благодарен сум на Република Хрватска за ова историско гласање. Светот не смее да се помири со злосторствата на Кремљ, ниту историски, ниту актуелни, напиша Зеленски на Твитер. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан