• среда, 25 декември 2024

Хрватскиот Сабор ќе расправа за отповикување на премиерот Пленковиќ

Хрватскиот Сабор ќе расправа за отповикување на премиерот Пленковиќ

Загреб, 23 февруари 2023 (МИА) - Хрватскиот Сабор денеска ќе расправа за отповикување на премиерот Андреј Пленковиќ на предлог на 33 пратеници од опозицијата, кои како причини наведоа корупциски скандали, неуспех во спроведувањето на здравствената реформа и навремена реконструкција по земјотресот.

Предлогот за покренување на прашањето за доверба првпат се расправа во Парламентот откако Пленковиќ ја презеде премиерската функција во октомври 2016 година.

Опозицијата во изминатите години неуспешно се обиде да ја отповика целата влада и голем број министри, но никогаш премиерот. паг/

 

Остани поврзан