• вторник, 24 декември 2024

Хрватска по трет пат светски првак во ватерполо

Хрватска по трет пат светски првак во ватерполо

Доха, 17 февруари 2024 (МИА) - Хрватска по трет пат во својата историја е светски шампион во ватерполо.

Хрватска во финалето ја победи Италија со 15:13 по мечот пет репрезентативци и со тоа го освои светското злато.

Најефикасен во хрватскиот тим беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ додаде три, Рино Буриќ два, а Јосип Врлиќ и Матиас Биљака по еден.

 Андреа Фондели постигна пет гола за Италија, Франческо Ди Фулвио и Николас Прешути додадоа по два, а Лука Марцијали и Франческо Кондеми по еден.

За Хрватска ова е трета титула светски шампион, по Мелбурн во 2007 година и Будимпешта во 2017 година.дс

Фото: Хрватска ватерполо репрезентација

Остани поврзан