• недела, 24 ноември 2024

Хрватска добива 187.200 нови вакцини против омикрон-сојот

Хрватска добива 187.200 нови вакцини против омикрон-сојот

Загреб, 5 септември 2022 (МИА) - Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот на коронавирусот во Хрватска пристига утре, а вакцинации ќе бидат дистрибуирани низ целата земја до крајот на седмицата.

Вкупно 187.200 дози од адаптираната вакцина ќе бидат дистрибуирани до окружните јавни здравствени установи, објави Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) денеска.

Новите вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ неодамна беа одобрени од Европската агенција за лекови против омикрон-сојот. Но, тие можат да се примаат само како дополнителна доза, а не како прва вакцинација. Сите граѓани кои ја примиле втората и третата доза може да се вакцинираат, но лекарите особено препорачуваат вакцинација за лицата со возраст над 60 години и хронично болните.  си/

Остани поврзан