• недела, 24 ноември 2024

Хрватската амбасадорка Тигањ: Неопходен е политички консензус за уставните измени

Хрватската амбасадорка Тигањ: Неопходен е политички консензус за уставните измени
Гостивар, 28 октомври 2022 (МИА) - Хрватска е силен и искрен поддржувач на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и за тој процес е потребен внатрешен политички консензус, посочи амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ по средбата со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. - Од нашето искуство знам дека е многу важно и неопходно е да се постигне внатрешен политички консензус околу уставните измени како дел од преговарачкиот процес, рече Тигањ, во одговорот на новинарско прашање во врска претстојниот преговарачки процес. Таа нагласи дека Хрватска е една земјите членки на ЕУ кои важат за најсилен поддржувач во процесот на евроинтеграциите, прва започнала со пренесување на искуствата и техничката поддршка. Амбасадорката Тигањ посочи дека во моментов се спроведуваат 15 твининг проекти со кои се зајакнува капацитетот на државните институции во тек на преговарачкиот процес. Поранешниот главен хрватски преговарач, посочи, сега е ангажиран во земјава како советник. На средбата со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари се разговарало за идната соработка. - Веќе поведовме иницијатива за соработка помеѓу гостиварската болница и клинички центри во Хрватска. Предвидено е хрватски експерти и лекари да вршат размена на знаења и вештини со нивните колеги во Гостивар, рече Тигањ. Градоначалникот Таравари искажа задоволство од посетата и можноста за продлабочување на соработката, потсетувајќи дека Гостивар е збратимен со општината Света Недела и дека има голем број гостиварци кои живеат и работат во Хрватска. згм/цр

Остани поврзан