• среда, 25 декември 2024

Хрватот Јуриќ ќе седне на клупата на Рома

Хрватот Јуриќ ќе седне на клупата на Рома


Рим, 18 септември 2024 (МИА) – Хрватскиот стратег Иван Јуриќ ќе биде назначен за нов тренер на Рома, на местото на Даниеле Де Роси, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, раководството на италијанскиот прволигаш и 49-годишниот Јуриќ ги договориле сите детали околу соработката.
Јуриќ од јули 2021 до јуни 2024 година беше тренер на Торино.
Рома има очаен старт во Серија А со само три бодови од воведните четири кола што резултираше со отказ за Де Роси, кој беше на чело на римскиот клуб од јануари оваа година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан