• сабота, 23 ноември 2024

Хрватот Баковиќ уште една сезона во МЗТ Скопје Аеродром

Хрватот Баковиќ уште една сезона во МЗТ Скопје Аеродром

 

Скопје, 11. јули 2024 (МИА) – Хрватскиот кошаркар Марко Баковиќ и во следната сезона ќе настапува за МЗТ Скопје Аеродром, соопшти денеска македонскиот шампион.

Триесетиедногодишниот крилен центар беше еден од најзаслужните играчи на МЗТ Скопје Аеродром за освојувањето на двојната круна минатата сезона во македонскиот шампионат.

Баковиќ имаше забележителни настапи и во регионалната АБА2 лига, каде на 16 натпревари забележа просек од 11,3 поени и 4,9 скокови.

Баковиќ во МЗТ Скопје Аеродром дојде во 2023 година од таборот на Цибона, а претходно настапуваше за Горица и исландски Тор.

Хрватот, роден во Босна и Херцеговина, е осмиот кошаркар под договор за претстојната сезона, а трет кој летово ја обнови соработката, по браќата Дамјан и Војдан Стојановски. ег ФОТО: МЗТСкопје Аеродром/Фејсбук

 

Остани поврзан