• четврток, 12 февруари 2026

ХРАНА тврди дека Иран за еден месец погубил се 313 затвореници

ХРАНА тврди дека Иран за еден месец погубил се 313 затвореници

Вашингтон, 21 јануари 2026 (МИА) – Независната мрежа за заштита на човековите права (ХРАНА) објави дека 313 затвореници се обесени за време на протестите во Иран.

ХРАНА, со седиште во САД, во месечниот извештај наведува дека од 22 декември минатата година до вчера во затворите ширум Иран погубени се 313 затвореници, осудени по разни обвиненија.

Смртните казни во Иран се извршуваат со бесење.

Додека, групата за заштита на човековите права Хенгав, со седиште во Норвешка, денеска соопшти дека иранските власти на 13 јануари го осудиле демонстрантот Салах Јусефи од Џаванруд е обвинет дека „војува против Бога“ и поради наводни врски со САД и со Израел.

Според Хенгав, на Јусуфи му е ускратено правото на адвокат и другите основни права. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан