Храна која предизвикува гасови кај бебињата
- Бебето ја обработува храната на ист начин како и возрасниот човек. Значи, ако знаете дека одредена храна Вам Ви прави проблеми, внимавајте на истата реакција кај вашето дете.
Лос Анџелес, 10 септември 2020 (МИА) - Бебињата секојдневно испуштаат гасови и тоа е сосем нормална и природна појава. Но, понекогаш може да се случи тие да се чувствуваат непријатно поради некои намирници што предизвикуваат повеќе гасови од вообичаено.
Бебето ја обработува храната на ист начин како и возрасниот човек. Значи, ако знаете дека одредена храна Ви прави проблеми, внимавајте на истата реакција кај вашето дете. Обично, ова се намирниците на кои треба да се внимава: грав, брокула, зелка, карфиол, житарици, овесна каша, кајсии, сливи, праски, круши, сливи, цитрони...
- Ако овие намирници се виновни за гасот, тој ќе се појави за неколку часа. Хранливите материи и храната богата со растителни влакна е најдобра за новороденчињата, објаснува педијатарката Џенифер Шу.
Таа додаде дека гасовите не се проблем сами по себе, но тие понекогаш предизвикуваат непријатност. Во крајни случаи, се препорачува и разговор со лекар. си/сд/