• среда, 25 декември 2024

Храна благотворна против киселините во стомакот

Храна благотворна против киселините во стомакот

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Враќањето киселини од желудникот во хранопроводот како резултат на олабавена мускулатура, познато како горушица, е болест на дигестивниот систем, главно предизвикана од неправилна исхрана. Тоа честопати е придружено со непријатно пецкање и болка во стомакот.

Горушицата може да се ублажува, намалува и лечи. Следат неколку благотворни намирници во таа насока.

Чај од ѓумбир

Излупена и исечкана грутка ѓумбир (не поголема од палец) се вари во вода, па се остава да отстои 10 минути. Потоа се пие. Овој напиток е ефикасен против разни видови воспаленија, а и за смирување на киселините во стомакот, пишува „Панкјуфер“ (Punkufer).

Банани

При симптоми на горушица, и бананата го штити и смирува вознемирениот стомак.

Бадемово млеко

Оваа здрава замена за класичното кравјо или козјо млеко помага да се стават киселините во желудникот во ред. Особено се препорачува густ сок со бадемово млеко, јагоди, банани и спанаќ.

Овесна каша

На вознемирениот стомак му треба храна богата со влакна, како што е овесната каша. На пример, шолја житарки даваат енергија и ја намалуваат горушицата.

Морач

Во топла вода се ставаат две лажици семе од морач (анасон). Тоа треба да отстои половина час, се зачинува со мед и се пие. Проблемите со киселините може и целосно да исчезнат, велат лекарите.

Зелен лиснат зеленчук

Воопшто, со зеленчукот не може да се погреши. Советот на стручњаците гласи: Јадете што е можно повеќе зелен лиснат зеленчук, како брокула, аспарагус, целер и карфиол. Сѐ тоа содржи малку киселина, што е добро за желудникот.

Кефир и алое вера

Лажица сок од алое вера се меша со кефир и тоа се јаде за појадок. И оваа доста вкусна закуска го смирува дигестивниот систем.  си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан