• среда, 18 декември 2024

Хоџиќ: Пописот во 2021 од особена важност за помалобројните заедници во РСМ

Хоџиќ: Пописот во 2021 од особена важност за помалобројните заедници во РСМ
Скопје, 3 ноември 2020 (МИА) - Агенцијата за остварување на правата на заедниците во РСМ денеска ја објави публикацијата „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедницата. Заменик-директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, на прашање на МИА за што ќе служи овој документ истакна дека врз основа на податоците кои се произлезени од ова истражување, тие ќе можат понатаму да градат политики со институциите и невладниот сектор. - Помалобројните заедници согласно Уставот и законите имаат широки права во државата. Ние ги следиме правата во повеќе области. Она што останува е дека тоа што тие го имаат на хартија треба да го спроведеме и во пракса. Како Агенција учестувавме и во дел на изработката на Стратегијата едно општество за сите, каде сите дадовме јасни моменти за да се подобри животот на помалобројните заедници во повеќе области, од медиуми, преку култура, употреба на јазици и симболи, правична застапеност и образование на мајчин јазик, изјави Хоџиќ. Според него, за помалобројните заедници во државата (Турци, Власи, Срби, Роми и Бошњаци) е важно во јавниот сервис редакците на помалобројните заедници да бидат функционални, да бидат екипирани, да имат доволно кадар за работа. - Она што е важно за образованието на мајчин јазик за заедниците е да се создаде кадар кој ќе предава и да се создават подобри услови за учење и образование на мајчин јазик. Што се однесува на правичната застапеност помалобројните заедници се на половина на остварувањето на правото на правичната застапенот согласно Уставот од 2002 и за нас исто така е важен пописот, кој е најавен за идната година, истакна Хоџиќ. Тој воедно посочи не треба да се носат нови закони, туку постојните треба се применат во пракса. Воедно, ова истражување е спроведено теренски со собирање податоци од вкупно 1565 испитаници, од кои 54 отсто машки и 45 отсто женски. Поголемиот дел, односно 75 отсто од истражувањето е реализирано во урбаните општини, додека 25 отсто во руралните средини. Меѓу другото податоците за образованието од ова истражување покажуват дека поголемиот број од помалобројните заедници во РСМ, образованието го следат на македонски јазик, одреден број на заедниците ја следеле учебната на настава на јазикот на заедницата и помал процент на албански јазик. оџ/ац/    

Остани поврзан