• петок, 27 декември 2024

Хофер бара од претседателот Ван дер Белен да ја распушти австриската Влада

Хофер бара од претседателот Ван дер Белен да ја распушти австриската Влада
Виена, 17 февруари 2021 (МИА) - Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер  бара од претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, да ја распушти австриската Влада. Хофер најави дека на состанокот со Ван дер Белен ќе побара распуштање на Владата, бидејќи, како што вели, не ја води Австрија од кризата, туку ја воведува во кризата. Според него, Владата е „мртва“, треба да се распушти и да се замени со експертска влада до нови избори. На прес-конференција, Хофер истакна дека парламентарната седница остава впечаток дека Зелените се заложници на Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц. - Ние мора да живееме со вирусот, но исто така и да гледаме на иднината.Потребна ни е стратегија за излез од финансиската пропаст, ​​рече тој. паг/

Остани поврзан