• четврток, 26 декември 2024

Хоспитализирани 1135 ковид-пациенти, слободни околу 280 болнички кревети

Хоспитализирани 1135 ковид-пациенти, слободни околу 280 болнички кревети
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Вкупно 1135 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 51 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 483 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 6152 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и кови центарот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 27 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 225 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 39 пациенти, во Кочани 6 во Кичево 7, Кавадарци 67, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.фф/са/

Остани поврзан