• среда, 18 декември 2024

Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија

Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија

Амстердам, 17 ноември 2024 (МИА) - Унгарската фудбалска федерација објави за состојбата на тренерот на репрезентацијата Адам Шалаи, кој загуби свест синоќа на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на нации против Холандија.

На 36-годишниот специјалист му се слошило во првите минути од средбата. Натпреварот во Амстердам беше прекинат извесно време, но играта набрзо продолжи.

- Состојбата на Адам Шалаи е стабилна и тој е свесен. Тој е во болница во Амстердам на прегледи, се вели во соопштението на федерацијата.

Натпреварот заврши со победа на Холандија со 4:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан