• четврток, 26 декември 2024

Хортикултурно уредување на фонтаните во Аеродром

Хортикултурно уредување на фонтаните во Аеродром
Скопје, 15 мај 2021 (МИА) - Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ е уредена во хортикултурно катче со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја, соопштија денеска од Општина Аеродром. Од Општината посочуваат дека се одлучиле на овој чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. -Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци, изјави градоначалникот на Општината, Златко Марин. Општина Аеродром соопшти дека останува посветена на создавање нови зелени површини и хортикултурно уредени катчиња.бт/дма/

Тагови

Остани поврзан