• среда, 18 декември 2024

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Лондон, 9 јануари 2024 (МИА) - Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен ужива посебен статус и се осврна на позицијата на Луис Хамилтон во Мерцедес како „најуспешен возач на сите времиња“.

- Ова е неизбежно во секој спорт што можам да го замислам. Макс дојде кај нас како тинејџер, а сега е светски шампион. Мислам дека е исто и со Луис Хамилтон. Тој стана најуспешниот тркачки возач на сите времиња. Тој има поголемо влијание во тимот во споредба со неговиот партнер, бидејќи неговата вредност за тимот е многу поголема.

Важно е да не претерате. Секако дека центарфорот, ѕвездата има одредени привилегии, но сепак е дел од тимот. Нема место за примадони, инаку една личност станува поважна од целиот тим. Не можете да ги постигнете вашите цели без поддршка од вашиот тим, без соодветни алатки. Треба да одржуваме рамнотежа: да го почитуваме статусот на спортистот, но и да работиме заедно, изјави Хорнер.

Верстапен е освојувач на шампионскиот трофеј во Формула 1 во последните три сезони. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан