• среда, 25 декември 2024

ХОПС на Д Фестивал ќе го одбележи глобалниот ден на акција, со фокус на декриминализација на личната употреба на дроги

ХОПС на Д Фестивал ќе го одбележи глобалниот ден на акција, со фокус на декриминализација на личната употреба на дроги

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) – Со учество на Д Фестивал во Дојран, Здружението Опции за здрав живот Скопје – ХОПС, денеска ќе го одбележи глобалниот ден на акција „Support. Don’t punish“ со фокус на декриминализација на личната употреба на дроги.

Како што информираат од ХОПС, со новите законски измени во Македонија, личната употреба на дроги е декриминализирана. Оваа промена значи дека луѓето кои користат дроги за лична употреба повеќе не се сметаат за криминалци, што, според нив, е важен чекор кон праведно и здраво општество.

- Иако употребата на дроги за лична употреба не е кривично дело, во пракса луѓето кои употребуваат дроги во изминативе децении беа постојана мета на органите на прогонот и беа дури и осудувани за кривичното дело – Недозволена трговија (член 215 од КЗ), иако поседувале дрога само за лична употреба, велат од ХОПС.

Како што дополнуваат, иако законот е во сила, во пракса често не е така. 

- Потребна е поголема едукација и промена на ставовите за да се осигура дека луѓето кои користат дроги за лична употреба добиваат соодветна поддршка и не се соочуваат со стигма и дискриминација, дополнуваат од ХОПС. ар/аа/
Фото: ХОПС

Остани поврзан