• четврток, 26 декември 2024

„Хонда“ повлекува 750.000 возила во САД поради воздушните перничиња

„Хонда“ повлекува 750.000 возила во САД поради воздушните перничиња

Токио, 7 февруари 2024 (МИА) - Јапонската компанија „Хонда мотор“ соопшти дека повлекува околу 750.000 возила во САД, произведени по 2020 година, поради дефект во системите на воздушните перничиња.

Надлежните забележаа дека сензорите за тежина на совозачкото седиште, коишто не се исправни и треба да се заменат, може да предизвикаат воздушните перничиња да не се активираат како што е предвидено.

Ревизијата се однесува на одредени примероци на „Хонда Пилот“, „Акорд“ и „Цивик“ произведени меѓу 2020. и 2022 година, како и на некои возила „ЦР-В“ и „Паспорт“ од 2020 - 21 година.

Јапонската компанија истакна дека има 3.834 барања врз основа на гаранцијата и оти нема извештаи за повреди или жртви.

Инаку, „Хонда“ повлече и 4,5 милиони возила ширум светот поради опасност од неисправност кај пумпата за гориво.  си/ми/

 

Остани поврзан