• среда, 25 декември 2024

Хонгконшкиот Дизниленд отворен за јавноста

Хонгконшкиот Дизниленд отворен за јавноста
Хонк Конг, 18 јуни 2020 (МИА) - Рекреативниот Дизниленд парк во Хонг Конг, Кина, којшто беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, денеска беше повторно отворен за јавноста. Детскиот парк ќе работи со зајакнати мерки за заштита на здравјето, односно со намален капацитет, соопштуваат оттаму. Повеќето од знаменитостите и продавниците во тематскиот парк ќе почнат со работа, но со ограничен број посетители, задолжително мерење температура и со почитување на мерките за физичка оддалеченост. Работата на хотелите во комплексот, исто така - постепено ќе се враќа во нормала. Дезинфекција на просториите ќе се врши почесто, додека рачните средства за дезинфекција ќе бидат достапни на повеќе места. Хонг Конг до овој миг вкупно има 1.121 случај на зараза со коронавирус и четворица починати. си/

Остани поврзан