• сабота, 28 декември 2024

Хонгконг: Протест по повод годишнината од судирот со полицијата

Хонгконг: Протест по повод годишнината од судирот со полицијата
Хонгконг, 12 јуни 2020 (МИА) - Илјадници луѓе низ Хонгкон гпееја денеска протестни песни и маршираа за да ја одбележат годишнината од судирите со полицијата. Стотици демонстранти се собраа во познатите трговски области Куасвеј Беј и Монгкок, и во шопинг центарот Ша Тин. Демонстрантите во Куасвеј Беј носеле транспаренти „Небото ќе ја уништат ЦЦП“, мислејќи на Кинеската комунистичка партија. Полицијата беше во приправност додека демонстрантите извикуваа пароли и ја пееја протестната химна „Слава на Хонгконг“. Во Монгкок и Куасвеј Беј полицијата подигна сина застава, предупредувајќи дека собирите се незаконски и може да биде употребена сила за растурање на учесниците. Група демонстранти се приведени и претресени во Монгкок, а во Куасвеј Беј полицијата употребила бибер спреј и уапси неколку демонстранти, вклучувајќи и еден пратеник. гт/

Остани поврзан