• четврток, 26 декември 2024

Холивуд: Раст од 40 отсто во снимањето филмови

Холивуд: Раст од 40 отсто во снимањето филмови
Лос Анџелес, 20 април 2022 (МИА) - Филмската продукција во Лос Анџелес се зголемила за 40,2 отсто во првото тримесечје од 2022 година во споредба со истиот период во лани, објави „Варајети“. - Веројатноста за ново намалување на снимањето поради Ковидот беше причина за загриженост кај нас во првото тримесечје од 2022 година. Но, благодарение на строгите мерки за спречување на ширењето на вирусот, филмската индустрија го преживеа скокот на стапката на зараза со Омикрон по новогодишните празници, рече Пол Одли - директор на непрофитната организација „Фирм-ел-еј“, којашто ги објави податоците. Меѓу јануари и март годинава, во Лос Анџелес биле одржани 9.832 дневни снимања. Во истиот период 2021 година, продукцијата изнесуваше 7.011 дневни снимања. Подобрувањето на ситуацијата со коронавирусот влијае и на телевизиската продукција, со 18,7 насто повеќе содржини снимени во Лос Анџелес меѓу јануари и март 2022 година отколку минатата година.  си/

Остани поврзан