• сабота, 23 ноември 2024

Холивудски ѕвезди снимаат серија за еден од најстарите фудбалски клубови

Холивудски ѕвезди снимаат серија за еден од најстарите фудбалски клубови
Лондон, 18 мај 2021 (МИА) - Откако на изненадување на многумина го купија велшкиот тим Врексам, холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекилхени најавија снимање документарна серија за еден од најстарите фудбалски клубови во светот. Рејнолдс и Мекилхени на крајот од февруари годинава за 2,5 милиони долари го комплетираа преземањето на клубот, кој игра во петтата англиска лига, а документарецот насловен „Добродојдовте во Врексам“ ги следи напорите на двајцата глумци, обајцата без големо познавање на фудбалот, во нивното водење на клубот. Рејндолс и Мекилхени го опишаа клубот со 157-годишна историја како „заспан џин“ со желба да направат од него „глобална сила“ - Никогаш не можеме вистински да го „поседуваме“ третиот најстар клуб во светот. Сè што можеме е да се обидеме да го подобриме клубот за неговите вистински и вечни сопственици, заедницата Врексам“, објави Мекилхени на Твитер. ег/ми/

Остани поврзан