• недела, 01 септември 2024

Холанд не е навреден од Нејмар и компанија

Холанд не е навреден од Нејмар и компанија
Дортмунд, 1 мај (МИА) - Водечкиот голгетер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд изјави дека не е навреден од играчите на ПСЖ, бидејќи се шегуваа за неговиот начин на славење на головите. Како што е познато, Норвежанецот ги вознемири „кнезовите“ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу двете екипи кога постигна два гола и имитираше медитација. Французите му вратија во реваншот, победувајќи со 2-0, а потоа упатија шеги на сметка на скандинавскиот напаѓач на социјалните медиуми. И меѓу најактивните беше суперsвездата Нејмар. - Тие всушност ми помогнаа да ги направам медитациите познати низ целиот свет. Ние всушност покажавме дека медитацијата е нешто важно. Затоа сум им благодарен, рече Холанд.

Тагови

Остани поврзан