• недела, 01 септември 2024

Холанд не е болен од коронавирус

Холанд не е болен од коронавирус
Дортмунд, 15 август 2020 (МИА) - Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд го продолжи тренингот со тимот во саботата, јави ДПА. Дваесет-годишниот топ стрелец не тренираше во петокот поради болно грло, што предизвика сомневања дека може да има коронавирус. Сепак, се покажа дека Холанд имал настинка и претстојниот контролен натпревар со Австрија Виена, закажан за в недела, ќе се одржи. Екипата на Борусија Дортмунд е на тренинг камп во Бад Рагас, Швајцарија, а контролната со Австрија ќе се случи во Алтач.

Тагови

Остани поврзан