• среда, 20 ноември 2024

Холанд го постигна првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната

Холанд го постигна првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната
Дортмунд, 16 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке. Во 29-та минута од средбата, 19-годишен Норвежанец го реализира првиот гол во Бундеслигата по продолжението на сезоната, прекината поради коронавирус. Деветнаесетгодишниот Норвежанец го изведе танцот по постигнатиот гол додека одржуваше социјална дистанца. За Холанд ова е 10. гол на девет натпревари во Бундеслигата. зс/

Остани поврзан