• четврток, 26 декември 2024

Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби

Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби

Амстердам, 23 мај 2024 (МИА) - Холандските обвинители разгледуваат кривична пријава против платформата за изнајмување сместувачки капацитети (Букинг) Booking.com за рекламирање имот во израелските населби.

Холандската непрофитна организација СОМО (SOMO) соопшти дека поднела жалба до државниот обвинител во ноември заедно со три други групи за човекови права, но дека тоа не било претходно објавено.

Во жалбата, групите ја обвинуваат платформата за „профитирање од воените злосторства преку олеснување на изнајмувањето на викендички на земјиште украдено од домородното палестинско население“.

Booking.com соопшти дека не се согласува со наводите и дека нема закони со кои се забранува рекламирање сместувачки капацитети во израелските населби, додека низа американски закони би забраниле повлекување на инвестициите во регионот.

Населбите изградени на земјиште окупирано од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година се сметаат за нелегални од повеќето земји, вклучително и Холандија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан