• петок, 20 декември 2024

Холандскиот парламент го одобри контроверзниот закон за баратели на азил

Холандскиот парламент го одобри контроверзниот закон за баратели на азил

Амстердам, 23 јануари 2024 (МИА) – Законот за поправедна распределба на барателите на азил во Холандија ја надмина последната парламентарна пречка и покрај жестокото противење на радикалните десничарски партии, пренесе ДПА.

Горниот дом, или Сенатот, денеска гласаше за законот со јасно мнозинство. Целта е да се осигура дека барателите на азил се порамномерно распоредени низ целата земја. Доколку е потребно, локалните власти може да бидат принудени да прифатат луѓе.

Долниот дом, Претставничкиот дом, веќе гласаше за законот минатата година.

Екстремно десничарските партии без строго против законот. Тие бараат драстично намалување на приливот на нови баратели на азил.

Донесувањето на законот ги отежнува и актуелните коалициски разговори меѓу четири десничарски партии. Конкретно десничарскиот популист Герт Вилдерс, кој победи на парламентарните избори во октомври и би сакал да стане нов премиер, соопшти дека има „голем проблем“ во разговорите.

Четворицата потенцијални коалициски партнери претходно се изјаснија дека сакаат драстично да го намалат приливот на мигранти. Но, тогаш пратениците на конзервативната либерална Народна партија за слобода и демократија (ВВД) решија да гласаат за законот, спротивно на желбите на нивното партиско раководство.

Минатата година во Холандија пристигнаа околу 50.000 баратели на азил. Мнозинството од нив се роднини на лица кои се веќе примени.

Сепак, во прифатните центри има премалку простор. Ова се должи на драстичните владини кратења и недостигот на станови. Многу општини одбиваат привремено да ги сместат луѓето. јт/

Фото: Парламент на Холандија

Остани поврзан