• понеделник, 29 јули 2024

Холандскиот параглајдерист со хеликоптер се транспортира за Скопје, ќе го преземе медицински тим

Холандскиот параглајдерист со хеликоптер се транспортира за Скопје, ќе го преземе медицински тим

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Центарот за управување со креизи (ЦУК) соопшти дека холандскиот параглајдерист е имобилизиран од спасувачките екипи и веќе со хеликоптер се транспортира за Скопје по што ќе го преземе медицински тим.

Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р'бетот.

-Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст - Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист. Поради сериозните повреди на р'бетот параглајдеристот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата, а со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, информира ЦУК. мч/лв/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан