• среда, 13 ноември 2024

Холандскиот крал се извини за историската улога на земјата во ропството

Холандскиот крал се извини за историската улога на земјата во ропството

Амстердам, 1 јули 2023 (МИА) - Холандскиот крал Вилем Александар денеска се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес.

Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.

-На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан