• сабота, 23 ноември 2024

Холандска клиника добива сè повеќе барања за евтаназија

Холандска клиника добива сè повеќе барања за евтаназија
Хаг, 7 февруари 2020 (МИА) - Клиника специјализирана за евтаназија во Холандија, прва држава што ја легализирала таа пракса, соопшти денеска дека минатата година добила повеќе од 3.000 барања. Центарот за евтаназија во Хаг наведува во соопштението дека минатата година добил 3.122 барања, најмногу од 2012 година, откако постои здравствената установа и „многу поголем број од предвиденото“. Од пристигнатите барања прифатени се околу 900. - Секој работен ден по 13 лица доаѓаат кај нас со молба „Помогнете ми, не можам повеќе вака“, изјави директорот на Клиниката, Стивен Плејтер. Бројот на барањата бил стабилен во 2017 и 2018 година, а голем пораст се случил во 2019 година, соопшти Центарот, не наведувајќи ги причините за растот. Според последните службени податоци објавени од холандското Министерство за здравство, врз 6.126 лица е извршена евтаназија во Холандија во 2018 година, од кои 12 на товар на клиниката. Повеќето од пациентите кои бараат евтаназија се заболени од канцер. гт/

Остани поврзан