• понеделник, 29 јули 2024

Холандската полиција пронајде уште едно писмо-бомба

Холандската полиција пронајде уште едно писмо-бомба
Амстердам, 13 февруари 2020 (МИА) - Холандската полиција денеска пронајде и деактивира уште едно писмо-бомба во компанијата за информатички технологии „Јунисус“ од Лозден, во близина на Утрехт. Како што пренесуваат холандските медиуми, мотивот за испраќање на писмото е изнуда. Во текот на вчерашниот ден во две пошти во Холандија одекна експлозија, а во двата случаја стануваше збор за писмо-бомба. Во експлозиите никој не е повреден. Првата експлозија одекна во пошта во Амстердам, а потоа и во центарот за сортирање на поштата во местото Керкраде. Холандската полиција истражува серија случаи со напади со писма-бомби од 3 јануари, за кои се претпоставува дека се испратени од едно лице. Претходно на мета беа бензински станици, хотели, гаражи и канцеларии на агенти за недвижности. Меѓутоа, ниту една од тие пратки не експлодира. паг/  

Остани поврзан