• сабота, 23 ноември 2024

Холандија ќе прогласи вонредна состојба поради пристигнувањето на барателите на азил

Холандија ќе прогласи вонредна состојба поради пристигнувањето на барателите на азил

Амстердам, 13 септември 2024 (МИА) - Холандија ќе прогласи вонредна состојба со цел да се ограничи бројот на баратели на азил кои влегуваат во земјата, јави ДПА.

Десничарскиот министер за азил Марјолеин Фабер рече дека овој потег ќе и овозможи на холандската влада „многу брзо“ да суспендира делови од постојните закони за азил.

Деталите за планот требаше да бидат објавени подоцна денеска, кога владата на премиерот Дик Шуф ​​ќе ја претстави својата политичка програма во Хаг.

Околу 40.000 баратели на азил пристигнуваат во Холандија секоја година, што критичарите тврдат дека го влошува недостигот на станови во земјата.

Холандската влада може да користи кралски декрет за воведување вонредна состојба во случај на криза, дозволувајќи и да преземе мерки без одобрение од парламентот како што се случи за време на пандемијата на коронавирус.

Сепак, одлуката мора да биде правно оправдана, а правните експерти се прашуваат дали бројот на баратели на азил, кој остана стабилен, е доволен за да се прогласи за криза.

Опозициските партии револтирано реагираат, нарекувајќи го владиниот план недемократски.

Намалувањето на бројот на баратели на азил и мигранти е една од главните цели на новата холандска влада, која ја презеде функцијата во јули.

Коалицијата од четири партии ја вклучува популистичката партија за слобода на Герт Вилдерс (ПВВ), која беше на врвот на парламентарните избори во ноември 2023 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан