• среда, 27 ноември 2024

Холандија ќе им исплати на своите ветерани од Сребреница по 5.000 евра

Холандија ќе им исплати на своите ветерани од Сребреница по 5.000 евра
Хаг, 11 февруари 2021 (МИА) - Холандската Влада соопшти дека ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани во Обединетите нации, кои не успеаја да го спречат злосторството во Сребреница во 1995 година, како „гест и знак на благодарност“ за нивната служба во „ужасни околности“. Исплатата, објавена од министерот за одбрана, е еден од владините одговори на студијата во која биле вклучени 850 војници од холандската мировна мисија. Како што пренесуваат странските агенции, Холандија долго време се бореше со последиците од злосторствата во Сребреница, а владата на поранешниот премиер Вим Кок поднесе оставка во 2002 година, откако холандските власти остро го критикуваа испраќањето трупи во опасната зона без соодветно оружје и овластување за „заштита на околу 30.000 бегалци“кои избегаа во холандската база во источна Босна“. Холандскиот Врховен суд пресуди дека Холандија е делумно „одговорна за смртта на околу 350 муслимани убиени од босанските Срби за време на злосторствата“. паг/  

Остани поврзан