• среда, 17 декември 2025

Холандија ќе биде домаќин на Меѓународната комисија за решавање на украинските барањата за воена отштета (ДПЛ)

Холандија ќе биде домаќин на Меѓународната комисија за решавање на украинските барањата за воена отштета (ДПЛ)

Хаг, 16 декември 2025 (МИА) – Лидерите на европските земји денеска потпишаа договор за формирање на Меѓународната комисија за решавање на украинските барањата за воена отштета. На потпишувањето присуствуваа претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претставници на околу 30 држави, од кои најголемиот број од Европа и од ЕУ, а присуствуваа и делегации од Мексико, Јапонија и Канада.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека Русија не може да избегне да и не плати репарации на Украина.

- Комисијата, која ќе ја утврди воената отштета што Русија ќе и ја плати на Украина испраќа порака до идните агресори, посочи Калас.

Меѓународната комисија за решавање на украинските барањата за воена отштета со седиште во Хаг, е формирана по мировните преговори во Берлин.

Комисијата ќе ги проценува и ќе одлучува за барањата за репарации, вклучително и износите што треба да се платат, со оглед на тоа што веќе постои „регистар на штети“ и се примени околу 80.000 барања за отштета од поединци или организации.

Механизмот за отштета ќе го координира Советот на Европа во Стразбур, тело од 46 земји задолжено за заштита на човековите права на континентот, од кое Русија беше исклучена во март 2022 година по инвазијата на Украина.

Третата фаза би вклучувала создавање фонд за компензација, но функционирањето на овој клучен дел од механизмот сè уште не е разјаснето, особено околу прашањето за можната употреба на замрзнатите руски средства.

Европскиот план за користење на овие средства е поддржан од многу земји-членки на ЕУ, вклучително и Германија, но се соочува со силен отпор од Белгија. Лидерите на ЕУ в четврток ќе одлучуваат за ова прашање на состанокот на Европскиот совет. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан