• среда, 18 декември 2024

Холандија сака да распореди Ф-35 во Бугарија за да го поддржи НАТО

Холандија сака да распореди Ф-35 во Бугарија за да го поддржи НАТО
Софија, 21 јануари 2022 (МИА) -Холандските ВВС ќе распоредат два авиона од петта генерација во Бугарија во април и мај за да ги поддржат активностите на НАТО со спроведување на воздушни судири во регионот на Црното Море, пишува ac.nato.int. Според Каиса Олонгрен, која е холандска министерка за одбрана, сите напори се насочени кон деескалација на ситуацијата преку дијалог и дипломатија. -На крајот, тоа е во интерес на сите земји-учеснички.Истовремено, важно е да се подготвиме за несаканото сценарио во случај на неуспех на разговорите, нагласи таа. Вооружените сили на Холандија планираат да распоредат два од своите модерни ловци Ф-35 и помошен персонал во Бугарија како дел од засилената воздушна полициска мисија на НАТО, јави дописникот на МИА. Холандија е првиот сојузник кој користи ловци од 5-та генерација во оваа мисија во Југоисточна Европа, нагласувајќи го својот придонес во колективната одбрана на НАТО. Шпанија прва и понуди помош на Бугарија, а потоа Холандија.

Остани поврзан